Atlas Plus

АПРИЛ
ДУБАИ ЗА ВЕЛИГДЕН ОД СКОПЈЕ
FIRST MINUTE

ПО ЛИЦЕ ЗА 4 ИЛИ 6 НОЌИ
ПОЛЕТУВАЊЕ ОД СКОПЈЕ

Од 630€

АПРИЛ
ДУБАИ СО АВИОН ОД СКОПЈЕ
FIRST MINUTE

ПО ЛИЦЕ ЗА 4 ИЛИ 6 НОЌИ
ПОЛЕТУВАЊЕ ОД СКОПЈЕ

Од 580€

explore dubai

ДУБАИ СО АВИОН ОД СКОПЈЕ АПРИЛ 2022 | FIRST MINUTE 
за резервации и уплати до 01.03.2022

Contact: contact@atlasplus.com.mk
+ 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133

ДУБАИ СО АВИОН ОД СКОПЈЕ - АПРИЛ 2022 FIRST MINUTE
за резервации и уплати до 01.03.2022

Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА - индивидуална програма
ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА ВО ПРОМОЦИЈА

Програма на патувањето – авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија.

Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES. Индивидуална програма.

Датуми на патување

Полетување од СКОПЈЕ во 20.35. Слетување во Истанбул во 23.25 часот нареден ден.

Полетување за Дубаи во 00.45 часот.

Слетување во Дубаи во 06.00 часот. Трансфер до хотел.

Пријавување – влез во соба е после 14 часот (доколку има слободна соба може да се чекира во хотелот и порано). Early check in на барање со доплата.

Одјавување од хотелот во 11 часот и слободно време до трансфер во 23 часот (late check out на барање со доплата).

Полетување за Истанбул во 02.05 часот.

Слетување во Истанбул во 05.40 часот и полетување за Скопје во 07.30 часот.

Слетување во Скопје во 07.50 часот.

1-4/6 ДЕН ДУБАИ – време за слободни активности или факултативни излети (со доплата на барање)

Попладнето започнува полудневната традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционалниот град и модерниот Дубаи. Турата започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Се продолжува кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет.

Следува автопатот Sheikh Zayed road, по кој панорамски ќе да ја видите кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот. Потоа се посетува стариот дел од градот, каде попатно се  наоѓаат импресивните палати каде живее владејачката фамилија шеици на Дубаи. Потоа се продолжува кон Dubai creek. Посета со водич на  Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара, познат споменик и го илустрира минатото на Дубаи.

Се посетува познатиот пазар на злато и зачини и продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски ракотворби. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот, на места за фотографирање. Турата завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL. Индивидуално, кој сака може да остане во DUBAI MALL за шопинг и вечера и да ги гледа прекрасните танцувачки фонтани чие шоу започнува после 18 часот (индивидуално враќање во хотелот). Враќање во хотелот.  Ноќевање.

Во попладневните часови се тргнува од Дубаи со jeep 4×4 кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели.

Возењето е по по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar.

По краткиот одмор, возењето продолжува по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај се пристигнува на фарма за камили на краток одмор и уживање  во глетката на пустина во самрак.

По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот поглед, продолжуваме кон кампот во пустината, каде ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода-вклучени во цена).

Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. 

Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).  

Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината покрај бргот до Абу Даби. Тој е главен и административен град на ОАЕ. Познат е по  многуте луксузни вили и палати покрај брегот и големиот број на острови. Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.

Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ, кој е закопан во оваа џамија. Може да прими 40000 верници, а главниот двор 9000.

Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници. Џамијата има 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри, има 57 куполи кои се украсени со мермер. Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2.Турата ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*). После ручекот во Абу Даби одиме кон Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и Формула1 патеката.

НАПОМЕНА: Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е задолжително да носат  марама.

  • – Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Дубаи ;  

  • 4 или 6 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)

  • Организација и реализација на патувањето

  • локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

  • Влезна виза за  Дубаи   – 85ЕУР по лице (задолжително за сите лица)
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • Задолжително негативен ПЦР тест (72 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи)
  • * За деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи)
  • брз антиген тест или ПЦР тест за лица над 18 години (за лица без сертификат за вакцинација) согласно нови протоколи за влез во Р Македонија
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ – НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редозлед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
  • ДУБАИ САФАРИ – со збирен трансфер/ 50еур по лице
  • КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА – со збирен трансфер/ 50еур по лице
  • ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА – на барање индивидуална приватна/ 50еур по лице за мин 4 лица со водич на српски јазик
  • Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат
  • останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
  • целодневна тура Абу Даби – приватна со водич на српски јазик – 80еур по лице (без ручек) // согласно моментални протоколи за влез во Абу Даби
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
  • *туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).

Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)

– Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.

Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)

Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците

Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат.

Скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  contact@atlasplus.com.mk).

Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.