Atlas Plus

ДУБАИ СО АВИОН
ОД СКОПЈЕ - ЈАНУАРИ 2023 | FIRST MINUTE

Contact: contact@atlasplus.com.mk
 + 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133

ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 16-22.01.2023/ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 16-22.01.2023 (6 НОЌИ)

TK1004 16JAN SKPIST 0845 1215/ TK 760 16JAN ISTDXB 1955 0110*+1
TK 765 SU 22JAN DXBIST 1510 1905/ TK1005 22JAN ISTSKP 2025 1955

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ IBIS ONE CENTRAL 3* - 775 ЕУР
ноќевање со појадок за првите 5 резервации – FIRST MINUTE

*** РЕДОВНА ЦЕНА – 799 ЕУР ***
валидна за резервации и уплати до пополување на промотивни места

Програма на патувањето – авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 30 кг чекиран багаж и 8 кг рачен багаж.

Полетување од СКОПЈЕ во 08.45. Слетување во Истанбул во 12.15 часот. Полетување за Дубаи во 19.55 часот и слетување во Дубаи во 01.10 часот наредниот ден 17.01/23. Трансфер до хотел во Дубаи. Пријавување – влез во хотел  веднаш. Ноќевање. 

Време за одмор и слободни активности. Во вечерните часови можност за организирање на факултативна екскурзија- крстарење по марината, со вклучена вечера.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – Вечерно крстарење Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице 

Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по марината, со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалак). 

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – на барање, според бројот на пријавени лица

Претпладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Враќање во хотелот.

За лицата кои не сакат да се вратат во хотелот, можат индивидуално да останат во молот каде можат вечерта да ги гледаат распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат. Индивидуално враќање во хотелот. 

ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ – на барање, согласно број на пријавени лица 

Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пoкрај брегот до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по  многуте луксузни вили и палати и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ.

Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката. НАПОМЕНА: Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е задолжителна марама.

ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА – после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 50 ЕУР по лице 

Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена.

Претпладне време за слободни активности или посета на плажа (на пример La mer beach или слично). Попладне тура -посета  НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ 60 евра по лице.

Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модрен панаѓур на Дубаи, со штандови од сите земји од светот.   

Одјавување од хотелот во 11-12 часот и трансфер за аеродром во Дубаи. Полетување за Истанбул во 15.10 часот. Слетување во Истанбул во 19.05 часот и полетување за Скопје во 20.25 часот. Слетување во Скопје во 19.55 часот.

  • Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
  • Трансфер: аеродром  Дубаи – хотел Дубаи – аеродром Дубаи
  • 6 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок според наведената  услуга
  • Организација и реализација на патувањето
  • Локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање  или за дополнителни екскурзии, со уплата на лице место,  на барање)
  • Влезна виза за  Дубаи   – 95 еур по лице
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ – НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени , во согласност со  информациите од организаторот)
  • Останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
  • Останати индивидуални трошоци , индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса, која се плаќа директно во хотелот
  • Туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел, на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и типот на соба). 
  • Во случај на апартман со повеќе соби, таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)

  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

Важни напомени:

-За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани, пратете ги на следниот мејл:  contact@atlasplus.com.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите, можна е промена на цената за пакет аранжманот. Пред резервација, ве молиме да ги проверите цената и условите на патување со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 MKD)

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА