Atlas Plus

Ајде во Рим по новата зимска колекција!

02 Декември | Авион | 4 дена | Предновогодишна атмосфера | Хотел 3*

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:15 часот. Полетување за Рим во 12:50 и слетување во 14:35 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до Шпанските скали познати како “дневна соба на градот” со посета на Плоштадот на Народот. Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Ноќевање.

Појадок. Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон, Плоштадот Кампо де Фиори… Ноќевање.

Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар… Попладневна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

Појадок. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 15:05 и слетување во 16:50 часот.

  • Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфери во Рим од Аеродромот до Хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Best Western Astrid 3* во Рим https://www.hotelastrid.com/en/ на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 2.500 денари
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 20kg 3.500 денари
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Факултативни излети: Посета на Ватикан со вклучена влезница 60 евра
  • Организирана дводневна пешачка прошетка низ центарот на Рим 20 евра
  • Факултативна вечера во ресторан
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Kарти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА