кон РИМ
Contact: contact@atlasplus.com.mk
+ 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133
Рим | 15 Мај | Авион | 2 дена | Хотели со 4* во центарот на градот | 329 евра
Драги пријатели, Ајде во Рим по новата летна колекција!
Италијаните имаат добро кафе, вкусна храна, квалитетно вино и врвна мода. А, ние организираме прошетка со најдобрата комбинација



- 15. Мај (Недела) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17:00 часот. Полетување за Рим во 18:30 и слетување во 20:10 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Препорачуваме прошетка до боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
- 16. Мај (Понеделник) РИМ
Појадок. Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: посета на Шпанските скали познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, Црквата Св. Климент, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, прекрасниот Плоштад Кампидољо… Вечерна прошетка до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Ноќевање.
- 17. Мај (Вторник) РИМ - СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 20:45 и слетување во 22:30 часот.
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
- Hotel Delle Nazioni 4* | 329 евра (20.350 денари)
- Цената вклучува:
- – Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси
- – Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
- – Трансфери во Рим од аеродромот до хотелот и обратно
- – Сместување во избраниот хотел во центарот на Рим на база 2 ноќевања со појадок
- – Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Цената не вклучува:
- – Багаж за чекирање 1 куфер до 20 kg 2.200 денари
- – Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 1.100 денари
- – Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот)