Atlas Plus

Сите патишта водат
кон РИМ

Рим | 23 Октомври | Авион | 3 дена | Од 225 евра

Полетување за Рим во 13:10 и слетување во 15:45 часот. Трансфер со автобус до железничката станица во близина на хотелот и сместување. Препорачуваме прошетка до боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

Појадок. Препорачуваме прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: посета на Шпанските скали познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, Црквата Св. Климент, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, прекрасниот Плоштад Кампидољо… Вечерна прошетка до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Ноќевање.

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела. Трансфер со автобус до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 16:15 и слетување во 18:00 часот.

  • – Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • – Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
  • – Трансфери во Рим од аеродромот до хотелот и обратно
  • – Сместување во избраниот хотел  во центарот на Рим на база 2 ноќевања со појадок
  • – Организација на аранжманот
  • – Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 2.350 денари
  • – Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 1.500 денари
  • – Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот)

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА