Atlas Plus

ФИРЕНЦА И СИЕНА

ФИРЕНЦА И СИЕНА | Авион | 7 ОКТОМВРИ | 4 дена | 399 евра

BELLA ITALIA!

Прекрасна храна, одлично вино, неисцрпен извор на историја и уметност. Фиренца, лулка на ренесансата, градот музеј. Сиена, вечниот “ривал” на Фиренца!

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:15 часот. Полетување за Болоња во 13:50 и пристигнување во 15:35 часот. Трансфер до Фиренца (околу 1 час и 30 минути) и сместување во хотелот. Прошетка низ главниот град на Тоскана – лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Ноќевање.

Појадок. Разглед на Фиренца, Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити… Слободно време за индивидуални активности. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.

Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација… Превоз низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадина на ренесансните слики. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 16:10 часот и пристигнување во Скопје во 17:50 часот.

  • – Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје
  • – Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
  • – Организиран трансфер со автобус од Аеродромот до Хотелот и обратно
  • – Сместување во Хотел Delle Nazioni 3* во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок
  • – Организација на аранжманот
  • – Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 1.500 денари
  • – Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 2.350 денари
  • – Посета на Сиена 45 евра
  • – Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • – Доплата за еднокреветна соба 6.200 денари
  • – Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • – Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 21 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА