ЛИОН и АНСИ
ЛИОН и АНСИ
Таму каде што се среќаваат Рона и Сона, Лион стои како поет кој шепоти стихови низ водата,
Единствен и моќен, одраз на два света, два теченија, еден град!!
Анси: Езерски ветар, планински предизвик!
„Таму каде што реките се прегрнуваат, а езерото зборува – Лион и Анси.“
Вкус, поглед и љубов – сè на француски начин!!!!!
Вкус, поглед и љубов – сè на француски начин!
- 27 Септември / Авион
- 4 дена
- ЛИОН и АНСИ
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 евра (30.950 денари)


- 27 Септември (Сабота) СКОПЈЕ – ЛИОН
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:30 часот. Полетување за Лион во 18:50 и слетување во 21:20 часот. Организиран трансфер до Хотелот и сместување. Ноќевање.
- 28 Септември (Недела) ЛИОН
Појадок. Прошетка по старото градско јадро (Vieux Lyon) заштитено од УНЕСКО, по калдрмисаните улици, покрај ренесансната архитектура и скриените „traboules“ пасажи. Можност за посета на Базиликата Нотр-Дам де Фурвиер со прекрасна внатрешност и панорамски поглед на градот. Околината покрај римскиот амфитеатар е одлично место за сликање. Прошетката продолжува до Паркот, еден од најубавите градски паркови во Европа, со малото езеро и ботаничка градина. Препорачуваме да се вкуси некој од локалните специјалитети, како што се quenelles, andouillette и tarte à la praline. Ноќевање.
- 29 Септември (Понеделник) АНСИ
Појадок. Посета на Анси, еден од најшармантните градови во Франција. Тргнување од Лион со раниот воз од станицата Lyon Part-Dieu – патувањето трае околу 2 часа. Прошетка покрај Palais de l’Isle – мал замок од 12 век сместен на островче во реката Тиу, кој е еден од најфотографираните објекти во Франција до замокот Анси (Château d’Annecy), каде се ужива во панорамскиот поглед кон градот и езерото. За ручек, препорачуваме едно од многуте локални бистроа со вкусување на тартифлет, фондју или специјалитети од риба од езерото. Прошетката продолжува покрај езерото Анси (Lac d’Annecy) – едно од најчистите природни езера во Европа до по градините Jardin de l’Europe и на романтичниот Pont des Amours (Мост на љубовта). Враќање во Лион во вечерните часови. Ноќевање.
- 30 Септември (Вторник) ЛИОН
Појадок. Прошетка до квартот Прескил, полн со шопинг улици, кафулиња, ресторани и модерна уметност. Можност за посета на Музејот на фини уметности, „мал Лувр“, со богата збирка. Прошетката продолжува до Place Bellecour, еден од најголемите плоштади во Европа и Rue de la République, главната трговска улица. Confluence District e модерна зона каде што се спојуваат реките Сона и Рона, како пример за урбана реновација и одржлив дизајн. Организиран трансфер до Аеродромот во Лион. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 00:20 часот.
- Цената вклучува:
- Авионски превоз на релација Скопје-Лион-Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
- Трансфери во Лион од Аеродромот до Хотелот и обратно
- Сместување во Хотел 3* во Лион на база 3 ноќевања со појадок
- Прошетки во Лион и Анси според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Цената не вклучува:
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
- Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
- Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
- Повратна карта за воз до Анси, околу 50 Евра
- Влезници во музеите и културно историските споменици
- Карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 евра (30.950 денари)
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето