Atlas Plus

Мадрид и Толедо

Contact: contact@atlasplus.com.mk
 + 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133

02 Март | Авион | Хотел 3* | 4 дена
557 евра со вклучени аеродромски такси и багаж за чекирање!

Кралскиот МАДРИД

Мадрид град на сонцето, паркови, традиција и страст, украсен со широки булевари, импресивни палати, пространи плоштади и раскошни фонтани.Дозволете да ве понесе неговата весела песна и единственото Фламенко, звукот на кастањети, магичната корида и надалеку познатата сангрија!

Величественото ТОЛЕДО

Толедо некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури христијанска, еврејска и арапска.

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Мадрид преку Истанбул во 08:45 и пристигнување во 16:55 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка низ центарот на Мадрид и можност за посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми… Ноќевање.

Појадок. Прошетка низ центарот на “Кралскиот град”, по познатата авенија Гран Виа, плоштадот Пуерта дел Сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и можност за посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Прошетката продолжува до стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

Појадок. Факултативна екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно – историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по ремек делата на големиот уметник Ел Греко. Препорачуваме посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Ноќевање.

Појадок. Трансфер до Аеродромот во Мадрид. Полетување за Истанбул во 11:50 часот и пристигнување во 18:10 часот. Полетување во 20:25 и пристигнување во Скопје во 19:55 часот.

  • – Авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Мадрид-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • – Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба со димензии 55х40х20см до 8 кг)
  • – Организиран трансфер од Аеродромот до Хотелот во Мадрид и обратно
  • – Сместување во Хотел 3* во Мадрид на база 3 ноќевања со појадок
  • – Прошетки во Мадрид, пешки и со локален превоз
  • – Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • – Факултативни посети: Посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 50 евра, Фламенко…
  • – Влезници во локалитетити
  • – Карти за локален превоз
  • – Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • – За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • – За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • – Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • – Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА