Atlas Plus

Мадрид и Толедо

Contact: contact@atlasplus.com.mk
 + 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133

22 Ноември | Авион | 4 дена
Толедо | Хотел 4* во центарот

Волшебниот шарм на Мадрид на 4-дневно патување, Авион и Хотел Madrid-Plaza de España 4* во центарот.

Уживање во патувањето: Дозволете ни да го организираме аранжманот, подготвени за вистинското истражување.

Истражете го Мадрид: Нурнете во богатата историја и живописната култура на главниот град на Шпанија, од иконата Плаза Мајор до величествениот Паласио Реал, секој агол на Мадрид е богатство кое чека да биде откриено.

Уживајте во шпанската кујна: Почестете ги вашите сетила за вкус со привлечните вкусови на шпанската кујна. Од солени предјадења до слатките чурос, Мадрид нуди кулинарско искуство како ниеден друг град.

Квалитетно сместување: Опуштете се во удобноста во нашиот внимателно избран хотел во Мадрид, обезбедувајќи добра позиција за секојдневното разгледување.

Резервирајте ја вашата авантура: Не пропуштајте ја оваа неверојатна можност да го истражите Мадрид! Спакувајте ги куферите и подгответе се да создадете најубави слики во Мадрид!

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 14:30 часот. Полетување за Мадрид во 16:05 и пристигнување во 20:00 часот. Трансфер до хотелот со панорамско возење кон “Кралскиот град”, избран за главен град од кралот Филип II во 16 Век, по Авенијата Кастелана преку Плоштадот Кастилја и покрај стадионот “Сантиаго Бернабеу“ на ФК Реал Мадрид. Сместување во хотелот. Препорачуваме посета и уживање во тапас баровите во кои се служат традиционалните шпански јадења. Ноќевање.

Појадок. Пешачка прошетка низ центарот на Мадрид, (трансфер со локален превоз), по познатата Авенија Гран Виа, (Големата улица) која се карактеризира со високи скалести згради, Плоштадот Пуерта дел Сол, Фонтанaтa Нептуно, Плоштадот Сибелес, Кружниот плоштад со фонтана од 18 век, Портата Алкала (Триумфалната порта)… Прошетката продолжува до Шпанскиот плоштад посветен на Мигел де Сервантес и хероите од неговиот роман „Дон Кихот“, Плоштадот Ориенте, Кралската Палата, Катедралата Алмудена каде се венчаа сегашниот крал Филип VI и Летиција, познатиот Меркадо де Сан Мигел, Црквата Св. Исидор, заштитникот на Мадрид, Плоштадот Мајор… Препорачуваме посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”.  Во вечерните часови, можност за уживање со заводливиот ритам на шпанската музика со уникатните звуци на гитарата и спектаклот на оригиналниот танц Фламенко. Ноќевање.

Појадок. Прошетка во познатиот парк Ретиро, еден од најубавите и најголемите градски паркови во Европа. Поранешниот кралски имот кој им служел на кралевите како отмено место за  одмор, денес е омилена зелена оаза во центарот на градот, со езеро и градини, каде може да пешачи по живописниот Paseo de la Argentina до Casita del Pescador, Кристалната палата, градината со рози Ла Росаледа. Тука е наоѓа и ЗОО – Аквариумот во Каса де Кампо, се простира на приближно 20 хектари и се смета за еден од најголемите во светот. Во близина е еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… Слободно време за индивидуални прошетки и посета на некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Вечерта, препорачуваме прошетка по прекрасните мали плоштади со тераси за кафе или популарниот пијалок сангрија, заедно со сендвичот „bocadillo de calamares“ и уживање во опуштената атмосфера. Ноќевање.

Појадок. Факултативна екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно – историското наследство на Толедо, длабоки и сеуште видливи траги оставиле Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по ремек делата на големиот уметник Ел Греко. Трансфер до Аеродромот во Мадрид. Полетување во 20:45 и пристигнување во Скопје во 00:55 часот.

  • Авионски превоз на релацијата Скопје- Мадрид-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфери во Мадрид од Аеродромот до Хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Madrid-Plaza de España 4* во центарот на Мадрид на база 3 ноќевања со појадок
  • Прошетки во Мадрид според програмата (со локален превоз)
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10 или 20kg
  • Факултативни посети: Посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 55 евра, Фламенко…
  • Влезници во локалитетити
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување
  • За резервација потребна е уплата од 30% од цената на аранжманот
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА