МАЛТА
Малта е прекрасна дестинација со тиркизно море, добри плажи, богато културно наследство, архитектура која воодушевува, голем избор на различни ресторани и локали за динамичен ноќен провод.
На Малта се шири љубов и насмевка, прекрасна храна со европско, арапско и африканско влијание и вкусно локално вино.
Валета, главниот град на Малта е заштитен од УНЕСКО, град во кој се наоѓа третиот најстар европски театар Manoel.
Се е релативно блиску, транспортната мрежа е исклучително добро организирана, така што брзо се стигнува од едниот на другиот крај на островот.
- ДАТА НА ПАТУВАЊЕ: 21 Февруари | Авион | 4 дена
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 389 евра (24.100 денари)
- 21. Февруари (Петок) СКОПЈЕ - МАЛТА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 15:45 часот. Полетување за Малта во 17:15 и пристигнување во 19:05 часот. Организиран трансфер и сместување во хотелот. Ноќевање.
- 22. Февруари (Сабота) ВАЛЕТА - МДИНА
Појадок. Разглед на главниот град на Малта – Валета изграден после големата опсада 1565 година. Прошетката ја започнуваме од Градините “Barracca” од каде се пружа фантастичен панорамски поглед на Големиот Залив и трите града. Во Валета главна атракција е богато украсената Катедрала Св. Јован во која се наоѓа светски познатото ремек дело на Караваџо и Палатата на големиот мајстор, денеска резиденција на претседателот на Малта. По посетата на Валета се упатуваме кон некогашниот главен град на Малта – Мдина кој се наоѓа во самиот центар на островот. Патот води до занаетчиското село Ta Qali, каде може да се види специфичната изработка на дувано стакло, сребрен накит и керамика. Сместен стратешки на една од најголемите висорамнини, градот бил сведок на главните историски настани. Тесните, кривулести улици, кои датираат уште од средниот век водат до импозантната тврдина. Во текот на прошетката низ градот, кој изгледа како да во него застанало времето, ќе откриете примери на различни архитектонски стилови, вклучувајќи ја Siculo-Norman палатата како и други барокни градби од големо историско значење. Слободно време за ручек во Рабат, древното предградие на Мдина. Нашиот разглед го продолжуваме воодушевувајќи се на куполата на црквата во Моста, трета најголема самостоечка купола во Европа , чиј дизајн е инспириран од римскиот Пантеон. Ноќевање.
- 23. Февруари (Недела) ГОЗО
Појадок. Можност за целодневна факултативна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров на Малта. Гозо е она што некогаш била Малта. Посетителите остануваат импресионирани од бујната природа, неговата спокојна атмосфера и колку е различен од соседната Малта. Според легендата овде нимфата Калипсо го држела заробен Одисеј цели седум години. Посета на главниот град Викторија во кој на брдо се наоѓа цитаделата од каде се пружа прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Патувањето продолжува до заливот Dwejra, каде се наоѓаат три природни атракции – внатрешното море, азурните прозорци и карпата печурка. Потоа следува посета на Xlendi, традиционално рибарско село. Гозо е познат и по своите занаети, особено рачните изработки од чипка и разни плетива. Ноќевање.
- 24. Февруари (Понеделник) ТРИТЕ ГРАДА- МАРСАШЛОК - СКОПЈЕ
Појадок. Можност за факултативна посета на трите мали града кои се гледаат од Валета: Senglea, Vitoriossa и Cospicua, за кои со право се вели дека се колевка на малтешката историја. Токму овие места им пружиле засолниште на скоро сите народи кои се населиле на островите. Самото пристаниште го користеле уште Феникијците, а доковите од секогаш овозможувале приход неопходен на локалното население. Vittoriosa е најголемо и најстаро гратче од нив, познато по својата трговска и воена активност. Тука се наоѓа Палатата на инквизицијата и Fort St. Angelo од каде што е организирана одбраната на Малта во текот на големата опсада. Од Safe Haven Gardens во Senglea, сместени на врвот на полуостровот, се ужива во најубавиот поглед на Валета. Посета на мирниот залив Marsaxlokk со најзначајното истоимено рибарско селце познато по традиционалниот рибарски пазар и типичните шарени бродови – luzzo. Организиран трансфер до Аеродромот на Малта. Полетување за Скопје во 19:35 часот и пристигнување во 21:20 часот.
- Цената вклучува:
- Авионски превоз на релација Скопје – Малта – Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
- Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром во Малта
- Сместување во Хотел 3* во Слиема на база 3 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Цената не вклучува:
- Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) или куфер за чекирање
- Разглед на Валета и Мдина 35 евра, со јавен превоз
- Факултативна посета на Гозо 65 евра
- Факултативна посета на Трите Града и Марсашлок 55 евра
- Влезници во музеите и културно историските споменици
- Патничко – здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба
НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 15 патници.
- Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 389 евра (24.100 денари)