Atlas Plus

ПУЉА, ИТАЛИЈА

ПУЉА

Го нарекуваат еден од најубавите италијански региони, но, тоа не е Тоскана.

Ние се согласуваме, а вие проценете сами! Италија постојано пријатно изненадува!

Пула e магичен балкон на Медитеранот, се протега на две мориња, на штиклата на убавата италијанска чизма. Како се спуштате по брегот на петицата на Италија, се редат необични и живописни градови, како сценографија од старите италијански филмови.

BELLA ITALIA Ексклузивно!!! Прекрасната ПУЉА по СУПЕР цена!

Состанок на групата на договореното место во 03:00 часот и трансфер до Аеродромот во Тирана. Полетување за Бари во  11:10 и слетување во 12:15 часот. Препорачуваме факултативна посета на Полињано а Маре, за многумина едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља. Ова е една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи автентичноста и шармот. Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери даваат посебна магија. Во градот се наоѓа скулптура на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Патувањето продолжува до Алберобело. Сместување во хотелот. Ноќевање.

Појадок. Прошетка во Алберобело, едно посебно и единствено место со типичните куќи ‘’Trulli‘’ со конусни кровови, без материјал за врзување, исклучиво направени од неправилни парчиња камен. Сместување во хотелот. Шетајќи се низ Алберобело ќе имате чувство како да сте на снимање на некој цртан филм. Шармантното, романтично и единствено место е заштитено од УНЕСКО. Препорачуваме да се изгубите во малите улички и да уживате во привлечниот свет на убавината. Организиран превоз до хотелот GRAND DEI CAVALIERI и сместување. Слободно време за уживање покрај море. Вечера. Ноќевање.

Појадок. Слободни денови за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Трансфер до Аеродромот во Бриндизи. Полетување за Тирана во 17:20, слетување во 18:15 часот и трансфер до Скопје.

  • Авионски превоз на релација Тирана-Бари и Бриндизи-Тирана со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје
  • Трансфери на релација Аеродром – Хотел и обратно, како и трансфер од едниот до другиот хотел
  • Сместување во Хотел Colle Del Sole 4* во Алберобело, на база 1 ноќевање со појадок
  • Сместување во Хотел Grand Hotel dei Cavalieri4* во Campomarino di Maruggio, на база 5 полупансиони, појадок и вечера, со вклучени лежалки на плажата
  • Организирани прошетки според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
  • Факултативни излети
  • Полињано а Маре 45 евра, со вклучен превоз
  • Пешачки разглед на Алберобело 10 евра
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Билети за јавен превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Имате прашања? Контактирајте не веднаш