Atlas Plus

ПУЉА, ИТАЛИЈА

ПУЉА

Го нарекуваат еден од најубавите италијански региони, но, тоа не е Тоскана. Ние се согласуваме, а вие проценете сами!

Италија постојано пријатно изненадува!

Пуља e магичен балкон на Медитеранот, се протега на две мориња, на штиклата на убавата италијанска чизма. Како се спуштате по брегот на петицата на Италија, се редат необични и живописни градови, како сценографија од старите италијански филмови.

Alberobello - Магија на секој чекор
Прекрасен град познат по своите уникатни „Trulli“ куќи. Овие куќи се изградени од камен и имаат конусен покрив, што им дава посебен изглед.

Polignano a Mare
Овој нереален град се наоѓа на карпа над Јадранското Море, што му дава прекрасен поглед.

Matera
Иако Матера се наоѓа во соседниот регион Basilicata, сепак вреди да се посети кога сте во Пуља. Градот е познат по куќите „Sassi“, изградени во камен и издлабени во карпите.

Состанок на Аеродромот во Скопје во 15:15 часот. Полетување за Бари во 16:45 и пристигнување во 17:55 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка во главниот град на регионот Пуља и уживање во шармот на Бари. Ноќевање.

Појадок. Разглед на Бари, чија најпозната знаменитост е базиликата Св. Никола. Во близина се наоѓа и катедралата изградена во византиски стил, а постојат и остатоци од норманската тврдина. Прошетката во центарот каде се наоѓаат и театрите Петруцели и Маргерита и Променадата Лунгомаре Императоре Аугусто… Патувањето продолжува до познатата Матера, исклучително живописен град изграден на варовнички карпи полни со подземни ходници и пештери. Поинаква од останатите италијански гратчиња, Матера со својата архитектура, повеќе потсетува на Блискиот исток отколку на Европа. Разглед на стариот дел од градот, кој е под заштита на УНЕСКО – Саси ди Матера, прошетка по Сасо Барисано со богато украсени портали и Сасо Кавеосо како некој театар, куќи во пештери кои степенасто се спуштаат кон градот. Во текот на разгледот ќе прошетаме по Пјаца Виторио Венето, катедралата, фонтаната на љубовта… Токму поради нејзиниот изглед, многу често се користела како локација за снимање филмови, меѓу кои и Пасија на познатиот глумец и режисер Мел Гибсон. Враќање во хотелот во Бари во вечерните часови. Ноќевање.

Појадок. Организиран превоз до хотелот во Алберобело и сместување. Пешачка прошетка во Алберобело, едно посебно и единствено место со типичните куќи ‘’Trulli‘’ со конусни кровови, без материјал за врзување, исклучиво направени од неправилни парчиња камен. Шетајќи се низ уличките, ќе имате чувство како да сте на снимање на некој цртан филм. Шармантното, романтичното и единственото место е заштитено од УНЕСКО. Препорачуваме посета на Локоротондо, градот на балконите и еден од најубавите мали градови во Италија (со јавен превоз). Тука, не само што куќите имаат свои броеви, туку и секој балкон е нумериран. Пешачки разглед на гинисовиот рекордер со најмногу “о” букви во своето име, кое во превод значи “кружно место” и прошетка по најинтересниот историски центар со тркалезна форма. Ноќевање.

Појадок. Уживањето продолжува со попатна посета на белиот град Остуни. Потоа, одиме во едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља, Полињано а Маре. Ова е сеуште, една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи целата своја автентичност и шарм. Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери, прикажуваат посебна магија. Во градот се наоѓа и скулптурата на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Трансфер до Аеродромот во Бари, полетување за Скопје во 18:30 и пристигнување во 19:45 часот.

  • Авионскипревоз на релација Скопје-Бари-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Раченбагаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфериспоред програмата
  • Сместувањево хотел 3* во Бари на база 2 ноќевања со појадок
  • Сместувањево хотел 4* во Алберобело на база 1 ноќевање со појадок
  • Организиранипрошетки според програмата
  • Организацијана аранжманот и придружник на патувањето
  • Доплатаза уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплатаза куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
  • Туристичкатакса (се плаќа во хотелите на рецепција)
  • Влезнициво музеите и културно историските споменици
  • Билети зајавен превоз
  • Патничко– здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Имате прашања? Контактирајте не веднаш