Atlas Plus

АНДАЛУЗИЈА

Една поинаква приказна...

Contact: contact@atlasplus.com.mk
 + 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133

Андалузија | 13 Април | Авион | 7 дена | 899 евра

Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата. Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура.

Андалузија е најголемиот шпански регион со преубави градови и живописни села. Со околу осум милиони жители, таа е поголема од половина европски држави. Најјужниот регион на Шпанија, каде се сретнуваат Средоземното Море и Атлантскиот Океан е местото каде историјата оставила длабоки траги.

Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата… Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, тоа е Андалузија, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура. Освен по убавината и културната разновидност, позната е и по шпанскиот заводник Дон Жуан и уметниците Диего Веласкез и Пабло Пикасо, чии најважни дела се наоѓаат во музејот во неговиот роден град Малага.

Покрај песочните плажи и планинските ресорти, тука е и модерната Андалузија со градови полни со отмени бутици, барови, ресторани и бурен ноќен живот. Андалузиските забави се познати како најгласни и “најколоритни”.

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:10 часот. Полетување за Малага во 13:20 и пристигнување во 16:55 часот. Прошетка по монденското летувалиште Марбелја, чиј стар дел е опколен со Маварски ѕидини и Плоштадот на портокалите, околу кој се наоѓаат итнересни средновековни градби. Трансфер до хотелот во Малага и сместување. Ноќевање.

Појадок. Разглед на најголемиот јужен европски град Малага, наречен „Престолнина на Коста дел Сол“ и родно место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, прошетка до замокот Парадор, старата палата Алкасаба, Римскиот театар, стариот Еврејски кварт и Катедралата. Ноќевање.

Појадок. Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија и сместување во хотелот. Разглед на “престолнината” на Андалузија, Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација… Ноќевање.

Појадок. Препорачуваме прошетка до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот  “тапас” и можност за крстарење со брод по реката Гвадалкивир од Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес. Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.

Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и Џамијата Мескита, симбол на градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за Гранада. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот.

Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од 1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.

Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Малага.  Полетување за Истанбул во 12:05 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:25 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:25 часот.

  • – Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Малага–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
  • – Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
  • – Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
  • – Шест ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Малага, Две во Севилја и Две во Гранада)
  • – Разгледи и прошетки во градовите според програмата
  • – Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • – Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
  • – Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ 
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА