ЦАРСКА КИНА
КИНА
Кина е убава во секој дел од годината. Атлас Плус ве води на незаборавни денови во прекрасната и постојано осовременуваната цивилизација.
Ќе ги посетиме: Престолнината Пекинг и најголемиот објект во светот Кинескиот ѕид, градот Ксиан со глинените војници и современот Шангај.
Во живо ќе ја видиме молскавичната промена во Кина, зачуваните традиции и неверојатните современи остварувања. Минатото и иднината ткаат неверојатен сплет на убавини, чувства, носталгии и восхитувања. Ви нудиме да ја видите таа и таква Кина.
КИНА од Скопје со Turkish Airlines преку Истанбул
- 19 Април / Авион
- 12 дена
- Пекинг, Сиан, Шангај | Комплетна Програма
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2199 евра (136.350 денари)
- 19. Април (Недела) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:15 часот и пристигнување во 22:45 часот.
- 20. Април (Понеделник) ИСТАНБУЛ - ПЕКИНГ
Полетување за Пекинг во 01:45 часот и пристигнување во 15:35 часот по локално време, летот трае 9 часа и 5 минути. Трансфер до хотелот и сместување. Кратко запознавање со главниот град на Кина. Ноќевање.
- 21. Април (Вторник) ПЕКИНГ
Појадок. Една од најголемите светски привлечности е Кинескиот Ѕид. Овој ден ќе го видиме и ќе одиме по најголемиот објект создаден од човекот. Ѕидот требало да ја заштитува Кина од непријателски напади од север повеќе од 20 века. Потоа е предвидено да се видат достигнувањата во архитектурата на современа Кина. Прв ќе биде националниот стадион „Птичјо гнездо“ и Националниот воден центар „Воден коцка“. Во објектите се одвиваа активности поврзани со Олимписките игри во 2008 година, чиј домаќин беше Пекинг. Ноќевање.
- 22. Април (Среда) ПЕКИНГ
Појадок. Овој ден ќе одиме до Забранетиот град, најголемото царско живејалиште во целиот свет. Пред него е најголемиот плоштад на планетава, Тјенанмен. Преубавата кинеска архтектура е проткаена со многу длабоко вкоренета симболика и значење што сведочи за долгата царска традиција и духовна култура во оваа далечна држава. Ќе го посетме Небесниот храм и ќе прошетаме низ паркот што го опкружува, за да уживаме во совршената хармонија што ја создале природата и човекот. На туристите им се дава можност да искусат и уникатен третман и масажа на стапалата и да добијат совети од искусни практичари на традиционалната кинеска медицина. Во попладневните часови, разгледот ја опфаќа и Летната палата, ремек-дело на царската архитектура сместено на брегот на езерото Кунмин. Павиљоните и салите се украсени со прекрасни фрески и интересни камени статуи. Летната палата била омилено место на царевите, каде што наоѓале спокојство и засолниште од жештината, а сега на посетителите им нуди искуство на царската елеганција. Ноќевање.
- 23. Април (Четврток) ПЕКИНГ – СИАН
Појадок. Трансфер до железничката станица и превоз со брз воз до Сиан. Сиан е поранешен главен град во кој почнувала историјата на многу династии – Џоу, Чин, Хан, Суи и Танг, кои ја обликуваа историјата на Кина. Трансфер до хотелот и сместување. Во времето на династијата Хан, градот станал центар на Патот на свилата. Секоја од овие династии оставила значаен белег, правејќи го Сиан историски симбол на кинеската цивилизација. Сиан е дом и на живиот муслимански кварт, каде што ќе го почувствувате автентичниот дух на градот и ќе уживате во раскошните специјалитети на кинеската исламска кујна. Туристите ќе ја посетат и познатата кула со Тапани, историски симбол на градот, каде во текот на денот се уште може да се слушне звукот на традиционалните инструменти кои се користеле за одбележување на времето и важните настани. Ноќевање.
- 24. Април (Петок) СИАН
Појадок. Сиан најмногу ги првлекува туристите од од целиот свет поради тоа што во него е откриен мавзолејот на првиот цар Чин Ши Хуангди и неговата Глинена војска. Овој комплекс, со површина од 56 квадратни километри, е еден од најважните археолошки локалитети во светот. Да се стои покрај илјадници глинени војници поттикнува чувство на поврзаност со дамнешни времиња, а пред очите се простира нешто големо и неповторливо. Посетата на Сиан ќе опфати обиколка на пагодата на малата дива гуска, која е ремек-дело на архитектурата на династијата Танг. Тука се наоѓа Големата џамија во Сиан, најстарата џамија во градот која датира од 8 век. Оваа џамија комбинира исламски и кинески архитектонски стилови. Вечерта постои можност гостите да следат спектакуларно шоу, кое преку шарени костуми, танци и музика во најголемиот театар во градот ја раскажува приказната за богатството и сјајот на познатата династија Танг. Сиан е град со богата готварска традиција. Постои можност да се вкусат традиционалните рачно изработени тестенини, кои го отсликуваат автентичниот вкус на градот. Ноќевање.
- 25. Април (Сабота) СИАН – ШАНГАЈ
Појадок. Организиран трансфер до хотелот во Шангај и сместување. Планирана е посета на Градината YuYuan која е вистинска оаза на спокојството и убавината. Може да се прошета по луксузната шопинг улица Nanjing Road, која е преполна со познати брендови и продавници. Ноќевање.
- 26. Април (Недела) ШАНГАЈ
Појадок. Храмот на Буда Од Жад, едно од најважните и најпознатите светилишта во Шангај, е дом на импресивна скулптура на Буда направена од непроценлив жад. Во Шангај треба да се доживее возењето со метро, едно од најмодерните во светот. Исто така туристите може да се искачат на Шангајската кула, втората највисока кула во светот. Препорачливо е да се крстари по реката Хуангпу, која минува низ срцето на Шангај. Ова пловење нуди неверојатен поглед од двете страни на реката, каде што се спојуваат минатото и сегашноста на градот. Незаборавно акробатско шоу ве очекува во Шангај, каде што може да уживате во впечатливите изведби на акробати кои одлично ги усогласуваат своите вештини со драматични ефекти и музика. Познато по својата неверојатна прецизност и страсна енергија, ова шоу дава увид во богатата уметност и традиција на Кина и ќе ви даде можност да ги доживеете врвните кинески акробатски вештини. Со модерна сценографија, извонредно осветлување и неверојатни изведби. Ноќевање.
- 27. Април (Понеделник) ШАНГАЈ – ZHUJIAJIAO - ШАНГАЈ
Појадок. Посетата на „градчето„ Zhujiajiao значи враќање повеќе од илјада години во минатото на Кина. Го нарекуваат „Воден град„ или „Шангајска Венеција„. Градот е испреплетен со канали и калдрмисани улици поврзании со триесетина камени мостови. Особено доживување е пловидба со брод по каналите. Враќање во Шангај во вечерите чаови. Ноќевање.
- 28. Април (Вторник) ШАНГАЈ - ИСТАНБУЛ
Појадок. Во 19 век во Шангај била создадена Француската концесија. Позната по европското архитектонско влијание по авениите со дрвореди и по живата атмосфера, претставувала територија за странци, а денес е една од најшармантните и најпопуларните населби во Шангај. Организиран превоз до аеродромот во Шангај. Полетување за Истанбул во 22:25 часот.
- 29. Април (Среда) ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Пристигнување во Истанбул во 05:25 и полетување за Скопје во 07:25. Пристигнување во Скопје во 07:55 часот.
- Цената вклучува:
- Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Пекинг и Шангај–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси и оброци за време на летовите
- – Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
- Трансфери со автобус и брз воз на наведените релации според програмата
- Осум ноќевања со појадок во двокреветни соби во Хотели 4* (локална категоризација)
- (Три во Пекинг, Две во Сиан, Три во Шангај)
- Ручеци во локални ресторани
- Разгледи и прошетки во градовите според програмата, со локален водич и вклучени влезници
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Цената не вклучува:
- Факултативен излет ZHUJIAJIAO 50 Евра
- Бакшиш за локалните водичи и возачи, вкупно 35 евра
- Доплата за еднокреветна соба 18.000 денари
- Дополнителни влезници во локалитети (доколку има)
- Патничко-здравствено осигурување
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2199 евра (136.350 денари)
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари