ЛИСАБОН И ПОРТО
Contact: contact@atlasplus.com.mk
+ 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133
ПОРТУГАЛИЈА
Ексклузивно!!! PREMIUM Програма!
Лисабон, срцето на Португалија, најзападната европска метропола сместена на седум ридови,со звукот на музиката Фадо и вкусот на најубавото португалско вино.
Порто, импресивен и харизматичен. Спој на традиционалното и модерното.
- Авион / 11 Април
- 8 дена
- Хотели во центарот
- За резервации до 31 Јануари 1055 евра (65.410 денари)
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1155 евра (71.610 денари)
- 11. Април (Сабота) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ЛИСАБОН
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:20 часот. Полетување во 12:45 и пристигнување во Лисабон во 15:35 часот. Сместување во хотелот. Попладневна прошетка по Плоштадот Маркиз де Помбал и елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Рестаурадорес и Росио. Ноќевање.
- 12. Април (Недела) ЛИСАБОН
Појадок. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем, која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде славниот Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, ремек дело на мауелската архитектура. Слободно време за посета на најпознатата лисабонска слаткарница Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче. Ноќевање.
- 13. Април (Понеделник) ЛИСАБОН - ПАРК НА НАЦИИТЕ - АЛФАМА
Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон вториот најдолг мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Прошетката продолжува во центарот на Лисабон и покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квартот Алфама – најстариот дел на Лисабон, познат по тесните улички со калдрма. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Во срцето на стариот дел се наоѓаат Катедралата, Црквите посветени на Св. Антонио и Св. Винсент, како и националниот Пантеон. Ноќевање.
- 14. Април (Вторник) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19 Век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставува совршен контраст со зеленилото кое ја опкружува. Слободно време за вкусување на традиционалните колачиња каежадас. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, ‘ртот Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
- 15. Април (Среда) ЛИСАБОН – ОБИДОШ – КОИМБРА - ПОРТО (околу 350 км)
Појадок. Прошетката продолжува во централниот дел на Португалија. Малото сликовито гратче Обидош, кое поради стратешката позиција секогаш било предмет на интерес на португалските кралеви, всушност е најдобро сочувано средновековно место во земјата. Без сомнение, тоа е едно од најживописните и најромантичните гратчиња со карактеристични тесни, калдрмисани улички и шарени куќи. Обидош е познат и по локалниот специјалитет жинжа – ликер кој се пие од чоколадна чашка. Попатно, посета на симпатичното место Коимбра, каде се наоѓа еден од најстарите Универзитети во Европа. Прошетка низ историскиот дел на некогашниот главен град на Португалија при што ќе се види Универзитетскиот комплекс, старата и новата Катедрала, Кулата Алмедина, Црквата Санта Круз… Пристигнување во хотелот во Порто во вечерните часови и сместување. Прошетка низ центарот на вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Плоштадот Батаља, Црквата Сан Илдефонсо, улицата Света Катерина… Слободно време за уживање во кафе барот Мажестик. Ноќевање.
- 16. Април (Четврток) ПОРТО
Појадок. Разглед на стариот дел од Порто: Катедралата, железничката станица Сао Бенто изградена во стилот на француската ренесанса, Плоштадот Слобода, Авенијата Алиадос, Универзитетот, Кулата Клеригос, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро и прошетка по втората значајна пешачка улица Rua das Flores. Ноќевање.
- 17. Април (Петок) ПОРТО – БРАГА – ГИМАРАЕШ
Појадок. Препорачуваме факултативна прошетка до Брага и Гимараеш. Брага е најстариот град во Португалија, познат како “Португалски Рим”, најважниот центар на барокната уметност во регионот. Во средниот век се натпреварувале со Сантијаго де Компостела по својата значајност и карактер. Панорамски разглед на градот, најстарата катедрала во Португалија, изградена во 12 Век, прошетка по улиците и плоштадите каде што има палати како палата Raio и театарот Цирко. Прошетка до ридот над Брага, до светилиштето Bom Jesus, каде има прекрасен поглед на градот. Посета на Гимараеш, лулката на португалската нација и прва престолнина на кралството прогласено во 1143 год. Прошетка низ добро сочуваниот средновековен центар со бројни готски палати, традиционални куќи и плоштади… Враќање во Порто во вечерните часови. Ноќевање.
- 18. Април (Сабота) ПОРТО – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Порто. Полетување за Истанбул во 10:45 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:25 и полетување за Скопје во 18:50 (локално време). Слетување во Скопје во 19:20 часот.
- Цената вклучува:
- Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Лисабон и Порто–Истанбул-Скопје
со вклучени аеродромски такси - Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
- Трансфер од Аеродромот до хотелот во Лисабон
- Трансфер од хотелот во Лисабон до хотелот во Порто, со попатна посета на Обидош и Коимбра
- Трансфер од хотелот до Аеродромот во Порто
- 4 ноќевања со појадок во Хотел Turim Europa 4* во центарот на Лисабон
https://turim-hotels.com/en/turim-europa-hotel-en/ - 3 ноќевања со појадок во Хотел Legendary Porto 3* во центарот на Порто https://www.legendaryportohotel.com/en/
- Разглед и прошетки во Порто според програмата
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Цената не вклучува:
- Туристичка такса (се плаќа во хотелите, на рецепција)
- Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 95 евра
- Панорамски разглед на Лисабон 50 еур
- Брага и Гимараеш 60 Евра
- Карти за локален превоз (метро)
- Патничко-здравствено осигурување
- Напомени
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
- Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
-
За резервации до 31 Јануари 1055 евра (65.410 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1155 евра (71.610 денари)