А, ние организираме прошетка со најдобрата комбинација.
Contact: contact@atlasplus.com.mk
+ 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133
08 Март | Авион | 4 дена | Тиволи
Хотел Best Western Astrid 3*
- 08. Март (Недела) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:15 часот. Полетување за Рим во 18:55 и слетување во 20:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
- 09. Март (Понеделник) РИМ
Појадок. Прошетка до Шпанските скали познати како “дневна соба на градот” со посета на Плоштадот на Народот. Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата со “вистинско” италијанско кафе. Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон, Плоштадот Кампо де Фиори… Ноќевање.
- 10. Март (Вторник) ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар… Попладневна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
- 11. Март (Среда) РИМ - ТИВОЛИ - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо… Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 19:45 и слетување во 21:20 часот.
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 488 евра (30.250 денари)
- Цената вклучува:
- Авионски превоз на релација Скопје–Рим–Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20 cm до 10 kg)
- Трансфери во Рим од Аеродромот до Хотелот и обратно
- Сместување во Хотел Best Western Astrid 3* во Рим
https://www.hotelastrid.com/en/
на база 3 ноќевања со појадок - Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Цената не вклучува:
- Доплата за уште 1 торба/куферза рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
- Доплата за куфер за чекирање со максимум 10 или 20kg
- Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
- Факултативни излети: Посета на Ватикан со вклучена влезница65 евра, Тиволи 65 евра
- Факултативна вечера во ресторан
- Влезници во музеите и културно историските споменици
- Kарти за локален превоз (метро)
- Патничко – здравствено осигурување
- Напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето