УЗБЕКИСТАН
Вистински раскош на Патот на свилата
Ексклузивно културно-историско патување низ срцето на Централна Азија, каде што историјата дише низ тиркизните куполи и блеска во златните мозаици.
Ова патување ве носи низ Ташкент, Самарканд, Бухара и Кива – градови кои сведочат за златните векови на трговијата, уметноста и духовноста.
Тука, историјата не се раскажува – таа се доживува. Волшебната тиркизна боја ги маѓепсува очите, а прекрасните мозаици ја исполнуваат душата.
Узбекистан е простор каде со векови се среќавале култури, јазици и идеи, а народот отсекогаш бил гостопримлив, горд и длабоко поврзан со својата традиција.
- 10 Април | Авион
- 8 дена
- ТАШКЕНТ, САМАРКАНД, БУХАРА, КИВА
- За резервации до 31 Јануари 1890 евра (117.180 денари)
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1999 евра (123.950 денари)
- 10. Април (Петок) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:15 часот и пристигнување во 22:45 часот.
- 11. Април (Сабота) ИСТАНБУЛ - ТАШКЕНТ
Полетување за Ташкент во 01:45 часот и пристигнување во 07:45 часот по локално време, летот трае 4 часа и 30 минути. По пристигнување во Ташкент, модерен град каде историското и современото се спојуваат во уникатен урбан пејзаж, трансфер до ресторанот и појадок. Разгледот започнува со Хаст Имам комплексот, духовното срце на градот. Овде се чува Утмановиот Куран, еден од најстарите и највредни примероци на куранот во светот. Сместување во хотелот. Следува посета на живописниот пазар Чорсу, каде боите, мирисите и звуците создаваат автентично ориентално доживување. По ручекот, посета на плоштадот Амир Тимур и на Плоштадот на независноста, симболи на величието на минатото и современата државност. Разгледот завршува со прошетка по Ташкентски Бродвеј каде што може да се почувствува модерниот градски ритам споен со локалниот шарм. Ноќевање.
- 12. Април (Недела) ТАШКЕНТ - САМАРКАНД (270 км)
Појадок. Патуваме со брз воз до Самарканд, бисерот на Патот на свилата. Сместување во хотелот. Разгледот започнува со мавзолејот Гур-е-Амир, на Амир Тимур и неговите наследници. Тиркизно-сината купола плени со својот блесок и раскош. Потоа следува посета на плоштадот Регистан, некогашното срце на градот, опкружен со трите прочуени медреси: Улуг Бег, Шер-Дор и Тила-Кари – архитектонски бисери што зборуваат за образовната величина на Самарканд. Ноќевање.
- 13. Април (Понеделник) САМАРКАНД
Појадок. Претпладнето започнува со разглед на џамијата Биби-Ханум, некогаш една од најголемите во исламскиот свет, и прошетка низ Сијаб пазарот, сместен покрај џамијата. По ручекот, посета на Шах-и-Зинда, украсена со шарени и сини мозаици. Попладне, слободно време за кафе, шопинг и индивидуални прошетки. Ноќевање.
- 14. Април (Вторник) САМАРКАНД – БУХАРА (220 км)
Појадок. Патување со воз до Бухара, град со вековна духовност, нарекуван „свет град“. Сместување во хотелот. Посета на плоштадот Лјаб-и-Хауз, оаза со сенки и чајџилници, и разглед на Чор Минор, вистински архитектонски бисер. Следува посета на медресата Надир Диван и џамијата Магоки Аттори, кои ја одразуваат автентичната духовност и културно наследство на градот. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.
- 15. Април (Среда) БУХАРА
Појадок. Разгледот започнува со тврдината Арк, поранешна резиденција на бухарските емири, и мавзолејот на Саманидите, градежно ремек-дело направено од тули. Прошетка низ старите маала, тесни сокаци и традиционални куќи, а потоа посета на џамијата Боло Хауз и комплексот Пој-Калон, каде доминира величественото минаре Калон, џамијата Калон и медресата Мир-и-Араб. Попладнето, можност за шопинг во пазарите покриени со куполи: Токи Заргарон, Токи Сарафон и Токи Телпакфурушон. Овдека, на секој чекор лебди духот на трговијата од времето на Патот на свилата. Ноќевање.
- 16. Април (Четврток) БУХАРА – КИВА (430 км)
Појадок. Патување со автобус или брз воз низ пустината Кизилкум кон Кива, град кој ја зачувал својата историја во секој камен. Кива е првиот град во Централна Азија впишан на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Сместување во хотел и слободна вечер за прошетка низ волшебните улици. Ноќевање.
- 17. Април (Сабота) КИВА
Појадок. Разглед на Ичан-Кала, стар град опкружен со впечатливи ѕидини. Посета на Калта Минор, препознатлив по тиркизната боја, Куња-Арк, резиденцијата на кановите/владетелите, и џамијата Џума со 218 дрвени резбани столбови. Прошетка низ дворецот Таш-Хаули и минарето Ислам Хоџа, а попладне слободно време за уживање во занаетчиските улици во кои се нудат – текстил, сувенири и чај. Ноќевање.
- 18. Април (Сабота) КИВА - УРГЕНЧ – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до аеродромот во Ургенч. Полетување за Истанбул во 08:30 часот. Пристигнување во Истанбул во 10:50 и полетување за Скопје во 18:55. Пристигнување во Скопје во 19:25 часот.
- Цената вклучува:
- Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Ташкент и Ургенч–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси и оброци за време на летовите
- Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
- Трансфери со автобус и брз воз на наведените релации според програмата
- Седум ноќевања со појадок во двокреветни соби во Хотели 4* (локална категоризација)
- (Едно во Ташкент, Две во Самарканд, Две во Бухара, Две во Кива)
- Ручеци и вечери во локални ресторани
- Разгледи и прошетки во градовите според програмата, со локален водич и вклучени влезници
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Цената не вклучува:
- Електронска виза 20 Евра
- Бакшиш за локалните водичи и возачи
- Доплата за еднокреветна соба 18.000 денари
- Дополнителни влезници во локалитети (доколку има)
- Патничко-здравствено осигурување
- За резервации до 31 Јануари 1890 евра (117.180 денари)
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1999 евра (123.950 денари)
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари