Contact: contact@atlasplus.com.mk
+ 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133
01 Март/ Авион/ Хотел 4*/ 4 дена
Верона, Мурано и Бурано
Хотел 4*
- Венецијанската лагуна е изградена на 118 мали острови, поврзани со канали и мостови.
- Овој ‘’Град на вода’’ богат со културно – историски споменици е познат и под името Кралица на Јадранот.
- Венецијанскиот карневал за многумина претставува радост, заведување, забава, луксуз ... со еден збор: слобода!
- Необичен и мистичен град кој вреди да се посети. Традцијата и фестивалите низ годините се сведок за тоа.
- 01. Март (Сабота) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 19:45 часот. Полетување за Венеција во 21:20 и слетување во 23:05 часот. Трансфер од Аеродромот до хотелот и сместување. Ноќевање.
- 02. Март (Недела) ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Организиран разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Прошетки и уживање во карневалската атмосфера, покрај ревиите со оригиналните карневалски костими. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.
- 03. Март (Понеделник) ВЕРОНА
Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
- 04. Март (Вторник) МУРАНО - БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција. Трансфер до Аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 23:35 и слетување во 01:15 часот.
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 369 евра (22.900 денари)
- Цената вклучува:
- – Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси
- – Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)
- Трансфер во Венеција од Аеродромот до хотелот и обратно
- – Сместување во Хотел MERCURE VENEZIA MARGHERA 4* во Венеција/ Маргера со 3 ноќевања со појадок
- – Разглед на Венеција
- – Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Цената не вклучува:
- – Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)
- – Багаж за чекирање 1 куфер до 10kg или 20kg
- – Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50 евра
- – Посета на Верона 50 евра
- – Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
- – Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 25 евра)
- – Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето