Atlas Plus

Ајде да одиме во Рим по новата
модна колекција!

23 Март | Авион | 4 дена | 499 Евра

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 19:00 часот. Полетување за Рим во 20:50 и слетување во 22:35 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

Појадок. Прошетка до Шпанските скали познати како “дневна соба на градот” со посета на Плоштадот на Народот. Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон, Плоштадот Кампо де Фиори… Ноќевање.

Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар… Попладневна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

Појадок. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо во Рим. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 23:10 и слетување во 00:55 часот.

  • Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфери во Рим од Аеродромот до Хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Best Western Astrid 3* во Рим https://www.hotelastrid.com/en/ на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 20kg
  • Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Факултативни излети: Посета на Ватикан со вклучена влезница 60 евра, Тиволи 60 евра
  • Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 20 евра
  • Факултативна вечера во ресторан
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Kарти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  •  
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА