АНДАЛУЗИЈА
Бисерите на Шпанија
Андалузија
Андалузија е најголемиот шпански регион со преубави градови и живописни села. Со околу осум милиони жители, таа е поголема од половина европски држави. Најјужниот регион на Шпанија, каде се сретнуваат Средоземното Море и Атлантскиот Океан е местото каде историјата оставила длабоки траги.
Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата... Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, тоа е Андалузија, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура. Освен по убавината и културната разновидност, позната е и по шпанскиот заводник Дон Жуан и уметниците Диего Веласкез и Пабло Пикасо, чии најважни дела се наоѓаат во музејот во неговиот роден град Малага.
Покрај песочните плажи и планинските ресорти, тука е и модерната Андалузија со градови полни со отмени бутици, барови, ресторани и бурен ноќен живот. Андалузиските забави се познати како најгласни и “најколоритни”.
Една поинаква приказна ...
- 06 Март / Авион
- 4 дена
- Хотели 3/4*
- Малага, Ронда, Севилја
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 48.800 денари



- 06. Март (Четврток) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - МАЛАГА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:35 и пристигнување во 12:15 часот. Полетување за Малага во 13:55 и пристигнување во 16:45 часот. Трансфер до хотелот во Малага и сместување. Овој шпански приморски град, сместен на брегот на Медитеранот, полн е со траги од богатата историја, а изобилува и со пулсирачки модернизам. Освен по широките Авении со палми и паркови со тропски растенија, градот е препознатлив и по мавританската тврдина Гибралфаро и палатата Алкасаба, за која се вели дека била еднаква на Алхамбра, но, била запоставена низ вековите… Ноќевање.
- 07. Март (Петок) МАЛАГА – РОНДА - СЕВИЛЈА
Појадок. Разглед на најголемиот јужен европски град Малага, наречен уште и „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, прошетка до Римскиот театар, стариот градски кварт и Катедралата… Патувањето продолжува со посета на симпатичното место Ронда, гордо распространета на 750 метри надморска височина, а, нејзиниот пејсаж може да се опише како воодушевувачко чудо на природата. Градот е сместен на две високи карпи поврзани со Мостот Puente Nuevo, како главна атракција. Позната е и како колевка на коридата, тука се наоѓа една од најстарите и најубави кружни арени во Шпанија, од 1.785 година… Пристигнување во Севилја, најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија, во вечерните часови. Сместување во хотелот. Ноќевање.
- 08. Март (Сабота) СЕВИЛЈА
Појадок. Прошетка до еден од главните и најфотографираните симболи на Севилја, Шпанскиот плоштад, со полукружната зграда, околу која, погледот го разубавуваат неколку мостови и фонтани, со локален превоз. Разглед на историскиот центар на “престолнината” на Андалузија, со Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација… Ноќевање.
- 09. Март (Недела) СЕВИЛЈА - МАЛАГА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Малага. Полетување за Истанбул во 12:30 часот. Пристигнување во Истанбул во 19:00 и полетување за Скопје во 20:15. Слетување во Скопје во 19:45 часот.
- Цената вклучува:
- Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Малага–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
- Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
- Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
- Три ноќевања со појадок во Хотели 3* (Едно во Малага и Две во Севилја)
- Hotel Málaga Centro 3* во центарот на Малага
- https://www.hotel-bb.com/en/hotel/malaga-centro
- Hotel Silken Al-Andalus Palace 4* во Севилја
- https://www.hoteles-silken.com/en/hotel-al-andalus-seville/
- Пешачки прошетки во Малага, Ронда и Севилја според програмата
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Цената не вклучува:
- Доплата за еднокреветна соба 9.300 денари
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
- Патничко-здравствено осигурување
- ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 48.800 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари