САРДИНИЈА
ИТАЛИЈА е симбол на убавината
САРДИНИЈА
18-25 АВГУСТ
Сардинија е сместена во средината на Средоземното Море и е опкружена со многу мали острови. Од западната страна ја заплискува Сардиниското Море, а помеѓу Сардинија и Италија се простира Тиренсксото Море. Главниот и најголем град на Сардинија е Каљари.
Сардинија со години претставува едно од најелитните и најпопуларните летувалишта во Европа. Во текот на својата бурна историја, многу народи го освоиле овој остров, оставајќи свои траги и влијанија кои се обединиле во единствен спој на култура и менталитет. Токму поради тоа, гордите жители на Сардинија велат дека ова е држава за себе.
Сардинија е единствен медитерански остров со недопрена природа, прекрасни бели плажи, смарагдно сино море, гламурозна ривиера..... Еден остров и милион епитети...
Полетување за Алгеро во 18:10 и пристигнување во 20:15 часот. Трансфер (околу 150 km) до Голфо Певеро, во зоната на Коста Смералда – „Смарагдниот брег“, најпознатиот дел на италијанскиот брег и едно од најелитните и најпопуларните летувалишта во Европа. Брегот е полн со прекрасни песочни плажи, кристално чисто море, бујна медитеранска вегетација и живописни места. Пристигнување во избраниот хотел и сместување. Ноќевање.
Појадок. Денови за уживање на прекрасните плажи, прошетки, факултативни излети...Ноќевање.
Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Организиран трансфер до Аеродромот во Алгеро. Полетување во 20:50 и слетување во Скопје во 22:50 часот.
- Авионски превоз на релација Скопје- Алгеро- Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
- Организиран трансфер од аеродромот во Алгеро до хотел
- Сместување во избраниот хотел за 7 ноќевања на база ноќевање со појадок или полупансион (појадок и вечера)
- Организација на аранжманот
- Кабински багаж или багаж за чекирање
- Факултативни излети
- Патничко – здравствено осигурување
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.