Atlas Plus

Приказна од Ориентот ИСТАНБУЛ

Contact: contact@atlasplus.com.mk
 + 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133

Истанбул | 8 Октомври | Авион | 4 дена | 399 евра

Спој на два света – европски и азиски при што се создава неверојатна фузија, две страни, два континенти, две култури… Токму тоа го прави Истанбул еден од најинтригантните градови во светот. Со своето богато културно наследство никогаш не престанува да воодушевува.

Историскиот и економскиот центар на Турција бил познат под различни имиња – Византион, Нов Рим, Константинопол, Цариград, Истанбул. Ново и Старо. Ориент и Европа, Ислам и Христијанство – никаде на друго место нема да можете да ги најдете вака испреплетени и нераскинливо поврзани како тука.

Сосема неверојатен град. Добредојдовте во Истанбул!

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 часот и пристигнување во 11:15 часот (локално време). Препорачуваме панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Eкспрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија… Трансфер до хотелот и сместување. Препорачуваме посета на МИНИАТУРК – минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скулптури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, со размер од 1:25. Можност за посета на Капали Чаршија, затворен трговски пазар со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Ноќевање.

Појадок. Факултативна прошетка по просториите на Султаните и Царевите, по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша и стариот султанов дворец Топкапи, официјалната резиденција на отоманските султани. Топкапи палатата ги чува приказните за огромно богатство на султаните, од три страни опколена со море, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султанскиот Харем. Прошетката продолжува со посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот и позната по рачно изработените плави плочки. Следува разглед на прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, па музеј, а денеска повторно џамија – отворена за сите посетители. Можност за посета на подземната цистерна Јеребатан сарај, позната како Потонатата палата, најголемиот и најубавиот антички резервоар за питка вода. Можност за посета на Sapphire Seyir Terasi (со јавен превоз), највисоката “тераса” во Европа, од каде се пружа прекрасна глетка кон градот, како и можност преку четиридимензионална симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Моминската Кула. Во вечерните часови, факултативна вечера во национален ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет до Принцеските острови кои се наоѓаат во североисточниот дел на Мраморното море, 20тина километри од центарот на Истанбул. Името го добиле уште во времето на Византија кога тогашните цареви на овие острови ги испраќале во егзил непослушните принцеви, претендентите за престолот, жените и принцезите, патријарсите и останатите политички противници. Она што е специфично за овие острови е фактот дека моторните возила се забранети, така да превозот на островите се одвива со велосипеди и возила на струја. Посета на најголемиот остров Бујукаде и уживање во фантастичниот амбиент. Во попладневните часови препорачуваме посета на азиската страна до видиковецот Чамлиџа, еден од најубавите паркови и највисока точка во Истанбул, од каде се пружа прекрасен поглед на Златниот рог – срцето на Истанбул. Можност за прошета во најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел, на Азиската страна на Истанбул, отворен во 2017 г. Продолжуваме кон резиденцијалниот дел Кадикој и Бахарије кадесе, улица преполна со продавнички и ресторани. Враќање во хотел во вечерните часови. Прошетка по познатата улица Истиклал со бројни ресторани, продавници и барови до кулата Галата, од која се пружа најубавиот поглед на Босфор. Ноќевање.

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет Убавините на Босфор кој вклучува посета на Вселенската Патријаршија во населбата Фенер, палатата Долмабахче и крстарење со брод по Босфор. Долмабахче сарај е најубавата резиденција на Отоманскиот Султан со музејска збирка со непроценлива вредност. При посетата ќе се видат Харемот – делот резервиран за жените, како и Селамик – делот за мажите каде се наоѓа огромната церемонијална сала со најтешкиот лустер на светот. Во палатата се наоѓа се што било најскапо во тој период – венецијанско стакло, кристали, чешки порцелан, белгиски теписи…. Крстарејќи по Босфорскиот проток кој ги поврзува Европа и Азија, ќе уживате во погледот на палатите, тврдините, мостовите и елитните делови на градот. Трансфер до аеродромот во Истанбул. Полетување за Скопје во 19:00 часот (локално време) и пристигнување во 19:30 часот.

  • – Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со вклучени аеродромски такси
  • – Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
  • – Сместување во хотел со 3/4* во Истанбул на база 3 ноќевања со појадок
  • – Организација на аранжманот
  • – Панорамски разглед на градот 15 Евра
  • – Прошетка низ историскиот дел на Истанбул со влезница за Топ Капи Палатата 35 Евра
  • – Долмабахче Сарај, Крстарење по Босфор 55 Евра
  • – Посета на Принцеските острови и посета на Азискиот дел 50 Евра
  • – Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 35 Евра
  •  – Вечера во национален ресторан
  • – Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс
  • 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА