Atlas Plus

ЈОРДАН

Митската земја и земја од филмовите, ЗЕМЈАТА НА ИНДИЈАНA ЏОНС, НА ЛОРЕНС ОД АРАБИЈА...

Одиме да ја посетиме Петра, позната уште како “град црвен како роза и стар колку што е стар светот”- уникатен град кој е изграден во вдлабнатата планинска долина Вади Муса (долината на Мојсеј),

Град кој е едно од новите седум Светски чуда.

Ќе уживаме во пустината Вади Рум, позната како пустината на Месечината, пустината на Лоренс од Арабија, ќе ја посетиме Мадаба и планината Небо, од каде пророкот Мојсеј ја гледал ветената земја...

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:15 и пристигнување во 22:45 часот. Полетување за Аман во 01:45 и пристигнување во 04:00 часот. Трансфер до хотелот во Аман и сместување. Ноќевање.

Појадок. Разглед на Аман, престолнината на Кралството Јордан, градот на реката Јабок, кој се протега на 19 височинки. Потоа се упатуваме кон Џераш, најдобро зачуваниот град од Римската империја. Враќање во хотелот во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.

Појадок. Патувањето продолжува со разглед на Мадаба и посета на рановизатинската Црква во која мозаичниот под содржи картографски приказ на Светата Земја и посебно на Ерусалим. Прошетка до  Планината Небо од каде пророкот Мојсеј ја гледал Ветената Земја и до Бетанија со реката Јордан, за кое се верува дека е местото на Исусовото Крштевање. Сместување во хотел во областа на Мртво Море, на најниската точка на Земјата.  Вечера. Ноќевање.

Појадок. Слободно време за уживање покрај море и пливање и плутање во солената лековита вода. Вечера. Ноќевање.

Појадок. Целодневна екскурзија до Петра – уникатен град кој е изграден во вдлабнатата планинска долина Вади Муса (долината на Мојсеј). Изгубениот град” Петра (Petra) е познат уште како “град црвен како роза и стар колку што е стар светот”, престолнината на Набатејците – градот е избран како едно од новите седум Светски чуда (во 2007 година). Продолжуваме кон  пустината Вади Рум и сместување во хотелскиот камп. Вечера. Ноќевање.

Појадок. Екскурзија до пустината Вади Рум, позната како пустината на Месечината, пустината на Лоренс од Арабија – пространо место исполнето со совршена убавина. Оваа екскурзија вклучува и џип сафари во пустината, минувајќи низ арката со карпи – една од најимпресивните формации од карпи наречена “Седумте столба на мудроста”, посета на куќата на Лоренс од Арабија. Превоз до Акаба и сместување во хотелот. Слободно време за прошетки покрај море. Вечера. Ноќевање.

Појадок. Слободно време за уживање и пливање. Вечера. Ноќевање.

Појадок. Слободно време за уживање и пливање.

Организиран превоз до Аеродромот во Акаба.  Полетување за Истанбул во 02:05 часот. Пристигнување во Истанбул во 04:50 и полетување за Скопје во 07:25. Слетување во Скопје во 07:50 часот.

 

 

  • – Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Аман и Акаба–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
  • – Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
  • – Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
  • – Сместување во хотели со 4* според програмата, во двокреветни соби, со појадок и вечера
  • – Разгледи и прошетки во градовите според програмата, со вклучени влезници
  • Разглед на Аман
  • Посета и разглед на археолошкиот локалитет Џераш
  • Целодневна екскурзија Мадаба-Планината Небо –Бетанија
  • Целодневна екскурзија во Петра со вклучени влезни такси
  • Екскурзија Вади Рум со возење со 4×4 џип возила
  • – Виза за Јордан
  • – Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • – Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс: 1 евро = 62 денари 

     

  • Хотел Sulaf 4* во Аман или сличен
  • https://www.sulafhotel.com/

 

 

 

Имате прашања? Контактирајте не веднаш