Atlas Plus

ЛИОН - еден од најубавите градови во Франција

ЛИОН

Таму каде што се среќаваат Рона и Сона, Лион стои како поет кој шепоти стихови низ водата, Единствен и моќен, одраз на два света, два теченија, еден град!

Да, Лион се смета за еден од најубавите градови во Франција. Има прекрасна стара архитектура, две реки што се вкрстуваат, живописни улици, богата историја и одлична гастрономија – често се нарекува гастрономска престолнина на Франција.....

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:30 часот. Полетување за Лион во 18:55 и слетување во 21:25 часот. Организиран трансфер до Хотелот и сместување. Ноќевање.

Историја, природа и гастрономија

Појадок. Прошетка по старото градско јадро (Vieux Lyon) заштитено од УНЕСКО, по калдрмисаните улици, покрај ренесансната архитектура и скриените „traboules“ пасажи. Можнот за посета на     Базиликата Нотр-Дам де Фурвиер со прекрасна внатрешност и панорамски поглед на градот. Околината покрај римскиот амфитеатар е одлично место за сликање. Прошетката продолжува до Паркот, еден од најубавите градски паркови во Европа, со малото езеро и ботаничка градина. Препорачуваме да се вкуси некој од локалните специјалитети, како што се quenelles, andouillette и tarte à la praline. Ноќевање. 

Појадок. Прошетка до квартот Прескил, полн со шопинг улици, кафулиња, ресторани и модерна уметност. Можност за посета на Музејот на фини уметности, „мал Лувр“, со богата збирка. Прошетката продолжува до Place Bellecour, еден од најголемите плоштади во Европа и Rue de la République, главната трговска улица. Confluence District e модерна зона каде што се спојуваат реките Сона и Рона, како пример за урбана реновација и одржлив дизајн. Организиран трансфер до Аеродромот во Лион. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 00:20 часот.

  • Авионски превоз на релација Скопје-Лион-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
  • Трансфери во Лион од Аеродромот до Хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел 3* во централното подрачје во Лион на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Имате прашања? Контактирајте не веднаш