Atlas Plus

ЛИСАБОН и ПОРТО
Бисерите на Португалија

Contact: contact@atlasplus.com.mk
 + 389 78 245 334
+ 389 2 32 30 311
+ 389 2 32 30 133

01 Мај | Авион | 7 дена

Лисабон, Порто, Коимбра, Обидош

Програмата е убава, Дестинацијата уште поубава и заслужува да ја повторуваме!!!

Задоволните патници се наша главна мотивација за повеќе групи!!! Ексклузивно!!!

ПОРТУГАЛИЈА

Лисабон, срцето на Португалија, најзападната европска метропола сместена на седум ридови, со звукот на музиката Фадо и вкусот на најубавото португалско вино.

Порто, импресивен и харизматичен. Спој на традиционалното и модерното.

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:20 часот. Полетување во 12:50 и пристигнување во Порто во 15:50 часот. Возење покрај Атлантскиот Океан со фото пауза во зоната на тврдината Сао Франциско од каде се пружа привлечен поглед на крајбрежјето. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Плоштадот Батаља,  Црквата Сан Илдефонсо, улицата Света Катерина… Слободно време за уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.

Појадок. Разглед на стариот дел од Порто: Катедралата, железничката станица Сао Бенто изградена во стилот на француската ренесанса, Плоштадот Слобода, Авенијата Алиадос, Универзитетот, Кулата Клеригос, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро и прошетка по втората значајна пешачка улица Rua das Flores. Ноќевање.

Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Препорачуваме попатна посета на симпатичното место Коимбра, каде се наоѓа еден од најстарите Универзитети во Европа. Прошетка низ историскиот дел на некогашниот главен град на Португалија при што ќе се види Универзитетскиот комплекс, старата и новата Катедрала, Кулата Алмедина, Црквата Санта Круз… Прошетката продолжува во централниот дел на Португалија. Малото сликовито гратче Обидош, кое поради стратешката позиција секогаш било предмет на интерес на португалските кралеви, всушност е најдобро сочувано средновековно место во земјата. Без сомнение, тоа е едно од најживописните и најромантичните гратчиња со карактеристични тесни, калдрмисани улички и шарени куќи. Обидош е познат и по локалниот специјалитет  жинжа – ликер кој се пие од чоколадна чашка. Сместување во хотелот во Лисабон во вечерните часови. Ноќевање.

Појадок. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем, која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде славниот Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, ремек дело на мауелската архитектура. Слободно време за посета на најпознатата лисабонска слаткарница  Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче. Вечерна прошетка по Плоштадот Маркиз де Помбал и елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Рестаурадорес и Росио. Ноќевање.

Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон вториот најдолг мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Прошетка во центарот на Лисабон и покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квартот Алфама – најстариот дел на Лисабон, познат по тесните улички со калдрма. Во срцето на стариот дел се наоѓаат Катедралата, Црквите посветени на Св. Антонио и Св. Винсент, како и националниот Пантеон. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Ноќевање.

Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19 Век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставува совршен контраст со зеленилото кое ја опкружува. Слободно време за вкусување на традиционалните колачиња каежадас. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, ‘ртот Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.

Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 10:55 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:45 и полетување за Скопје во 18:55. Слетување во Скопје во 19:30 часот.

  • – Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Белград-Порто и Лисабон-Белград-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • – Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
  • – Трансфер од Аеродромот до хотелот во Порто
  • – Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон
  • – Трансфер од хотелот до Аеродромот во Лисабон
  • – 2 ноќевања со појадок во Хотел Legendary Porto 3* во центарот на Порто
  • – 4 ноќевања со појадок во Хотел HF Fenix Urban 4* во центарот на Лисабон
  • – Разглед и прошетки во Порто според програмата
  • – Прошетки во Лисабон според програмата
  • – Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • – Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
  • – Посета на Коимбра и Обидош 30 евра
  • – Панорамски разглед на Лисабон 50 евра
  • – Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 95 евра
  • – Карти за локален превоз (метро)
  • – Патничко-здравствено осигурување
  •  За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници 
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ  
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6месеци по завршувањето на патувањето

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА