Atlas Plus

БАСКИЈА - Шпанија и Франција

БАСКИЈA: БИЛБАО - ГЕРНИКА – ВИТОРИА ГАСТЕИЗ – ПАМПЛОНА - САН СЕБАСТИЈАН

Овој прекрасен регион ретко се наоѓа на туристичкиот радар, а има живописни пејсажи и најдобрите ресторани во светот. Ве носиме во Баскија!

Гордо сместена на крајниот север на Шпанија, на брегот на Атлантскиот Океан и во близина на границата со Франција, легендарната Баскија, локално позната како Euskadi или País Vasco („земјата на баскиските говорници“), има свој јазик, свои кулинарски традиции и карактеристична географска и културна приказна. Иако неколку милиони туристи патуваат во Шпанија секое лето, главно до нејзиното медитеранско крајбрежје, овој прекрасен регион можеби не е на сечиј радар, но дефинитивно треба да биде. Во програмата истакнавме неколку причини зошто треба да ја посетите Баскија, земја со прекрасна природа, долги плажи, планински врвови, одлични ресторани и прекрасни градови.

... Се чувствува шармот на Екселенцијата...

БАСКИЈА: Шпанија и Франција

Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:10 часот. Полетување за Билбао во 14:05 и пристигнување во 17:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Попладневна/ вечерна пешачка прошетка во градот кој е успешен спој на богатото индустриско и културно наследство, еден од најинтересните градови на северна Шпанија. Ноќевање.

Појадок. Разглед на стариот дел на градот, Мостот Сан Антон и Црквата Св. Антон, стариот кварт на брегот на реката Нервион составен од 7 улици, необарокната зграда на Театарот Ариага изградена по примерот на Операта во Париз, Новиот плоштад, Палатата Арана – најстарата Палата во Билбао, железничката станица Ла Конкордија, зградата на Градското Собрание – една од најубавите во Шпанија, Мостот Салве на познатиот валенсијански архитект Калатрава, величествениот Музеј Гугенхајм. Зградата на музејот, отворен во 1997 година и дизајниран од архитектот Френк Гери, имресионира со својата архитектура.  Ова ремек дело ја содржи најбогатата збирка на современата уметност. Во попладневните часови, можност за посета на светски популарното место Герника, откако Пабло Пикасо го насликал бомбардирањето од Втората Светска војна на своето платно. Сликата како најпознто дело на сликарот се наоѓа во познатиот Музеј Реина Софиа во Мадрид. Ноќевање.

Појадок. Патувањето продолжува кон Виториа Гастиез, административниот центар на Баскија. Возење по живописните предели до градот со најмногу зеленило во Шпанија, по што е прогласен за Европска Престолнина со зеленило за 2012 година, а и град со најдобро зачувана средновековна архитектура во Баскија. Исклучително е интересен стариот град опкружен со средновековни ѕидини,  Плоштадот Шпанија, тука се и бисерите на баскијската ренесансна архитектура Палатата Бендања, Палатата на седиштето на автономната влада и готската Катедрала. Патувањето продолжува за Памплона во попладневните часови. Сместување во хотелот. Памплона е позната по трката со бикови, фестивалот Сан Фермин, кој се одржува секоја година на 06 Јули и кој послужил како инспирација на славниот Хемингвеј за романот Сонцето повторно изгрева. Главните бисери на градот се Градската тврдина, која имала пентагонален облик, Плоштадот Кастиљо, Корида, Палатата Навара – седиштето на Владата, Катедралата Св. Марија во која се крунисани Кралевите на Навара… Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

Појадок. Патувањето продолжува кон Сан Себастијан, по зелените предели до брегот на Кантабријското Море. Сан Себастијан, европската престолнина на културата за 2016 година, е познато монденско летувалиште на европската аристократија, седиште на филмскиот фестивал Златна школка и светска дестинација за гурманите. Со убавината на природната положба, градот може да се спореди само со еден град на светот – со Рио де Жанеиро. Сместување во хотелот. Прошетка низ градот, лоциран помеѓу реката и заливот, град кој со своите златни, песочни плажи се спушта кон заливот Ла Конча, ограничен со ридовите – Монте Ихелдо и Монте Ургул. Можност за уживање во  погледот од ридот Игелдо кон заливот Школка, островот Санта Клара, Палатата Мирамар, театарот Викторија Еугенија, Мостот Санта Каталина, квартот Корос, новиот културен и конгресен центар Курсал  – модерна зграда од стакло на плажата Суриола. Слободно време за вкусување на најдобриот тапас со баскиско вино. Ноќевање.

Појадок. Препорачување факултативен излет до Бијариц. По влегувањето во француската Баскија, прошетка во познатото летувалиште Сен Жан де Луз, кое се наоѓа на брегот на Атлантикот. Во овој, некогаш рибарски град, со својот шармантен центар на стариот град и најубавата баскиска Црква посветена на Св. Јован Крстител, се одржала свадбата на Кралот на Сонцето, Луј XIV со шпанската Инфанта Марија-Тереза. Бројните летниковци и вили биле изградени со вешт спој на стилови кои ја откриваат радоста на живеењето, толку карактеристична за јужна Франција. Местото е познато и по старата фабрика за чоколади на семејството Адам, од 1660 година, каде почнале да се произведуваат макарони (колачи од бадем). Оваа продавница и денес постои на главниот плоштад каде се чува оригиналниот рецепт за колачите. Возењето продолжува покрај брегот на Баскијскиот залив до Бијариц, ексклузивното и најубавото летувалиште на францускиот атлантски брег, симбол на богатството, од почетокот на 20 Век. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Билбао (околу 100 км). Полетување за Истанбул во 12:20 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:20 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:25 часот.

  • Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Билбао–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
  • Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
  • Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
  • Пет ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Билбао, Едно во Памплона и Две во Сан Себастијан)
  • Разгледи и прошетки во градовите според програмата
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Факултативен излет до Сен Жан де Луз и  Бијариц
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ 
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Имате прашања? Контактирајте не веднаш