Atlas Plus

ВИЕНА и БРАТИСЛАВА

ВИЕНА и БРАТИСЛАВА | Авион | 10 Март | 4 дена | 333 евра

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:50 часот. Полетување за Братислава во 19:20 и пристигнување во 20:55 часот. Трансфер до Братислава и сместување во хотелот. Ноќевање.

Појадок. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Посета на Братиславскиот дворец, лоциран на ридот, со прекрасен поглед кон градот. Тоа е ретко место од каде во исто време може да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Организиран трансфер до Виена и панорамски разглед на градот: Дворецот Белведере изграден од  Еуген Савојски,  обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Сместување во хотелот. Ноќевање.

Појадок. Пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан, симболот на градот и државата, Дворецот Хофбург кој бил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резиденција на австрискиот претседател… Слободно време за ручек со “вистинска” виенска шницла. Прошетката продолжува по познатата улица Mariahilferstrasse, можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Ноќевање.

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Трансфер до Аеродромот во Братислава со попатна посета на Парндорф, најголемиот дизајнерски шопинг центар во Австрија. Полетување за Скопје во 21:30 и слетување во 23:00 часот.

 

  • – Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • – Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
  • – Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно и превоз од Братислава до Виена
  • – Сместување во Хотел 3/ 4* во центарот на Братислава на база 1 ноќевање со појадок
  • – Сместување во Хотел Austria Trend Ananas 4* во центарот на Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • – Разгледување на Братислава и Виена според програмата
  • – Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

  • – Пешачка прошетка во Виена со локален водич 15 евра, Попатна посета на Парндорф 10 евра
  • – Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)   1.950 денари
  • – Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg   2.750 денари
  • – Туристичка такса 750 денари (се плаќа во Агенција)
  • – Посета на Шенбрун со вклучена влезница
  • – Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • – Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ, За реализација потребен е минимум од 20 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА