Atlas Plus

МАЈОРКА

МАЈОРКА

Медитеранска хармонија на вистинскиот луксуз – каде тиркизното море, златните плажи и елегантната островска атмосфера се спојуваат во едно беспрекорно доживување.

flight Авионcalendar_month 9 денаdark_mode 8 ноќевања

Најголемиот бисер на Балеарскиот архипелаг, Мајорка, се издвојува како едно од највпечатливите лица на Медитеранот. Островот делува како сцена каде морето и планините се надополнуваат во совршен баланс, додека светлината му дава препознатлива мекост што го дефинира неговиот карактер.

Во срцето на островот, Палма зрачи со суптилна елеганција. Нејзината архитектура, медитеранскиот ритам и современата префинетост создаваат амбиент што природно се вклопува во секој момент од престојот.

Од средината на минатиот век, Мајорка се развива во една од најпосакуваните европски дестинации, задржувајќи ја својата автентичност додека пречекува милиони посетители годишно. Денес, островот е симбол на медитеранскиот стил, каде природата, морето и архитектурата се спојуваат во речиси совршена хармонија.

Песочните плажи, бистрото море и благата клима ја обликуваат Мајорка како дестинација што нуди идеален спој на одмор, естетика и вистинско уживање.

Разглед на градот Палма де Мајорка

Градот Палма де Мајорка го открива својот карактер преку хармонија на историја, архитектура и медитеранска елеганција. Разгледот започнува во срцето на градот, пред импозантната La Seu Cathedral — готско ремек дело кое доминира над морската линија и ја дефинира силуетата на Палма.

Во непосредна близина се наоѓа Royal Palace of La Almudaina, каде што се преплетуваат кралската традиција и историските влијанија кои го обликувале градот низ вековите. Патеката продолжува кон Parc de la Mar — простор каде архитектурата и водата се во совршен дијалог, со отворен поглед кон Катедралата и медитеранскиот хоризонт.

Во старото градско јадро, Plaça Major носи активен градски ритам, опкружен со кафулиња и силна улична уметничка енергија. Passeig del Born ја открива елегантната страна на Палма — Авенија исполнета со палми, бутици и софистицирана градска атмосфера.

Со поглед кон заливот на Палма, моментите на зајдисонце ја откриваат најсмирената и најмагичната разгледница на градот во прекрасни бои.....

МАЈОРКА | 26 ЈУЛИ – 03 АВГУСТ

Совршен сплет на медитеранска елеганција, песочни плажи и внимателно избрана удобност — во шармантната Палманова, во близина на Палма де Мајорка

✈ЛЕТ (преку Виена со Austrian Airlines)

••• 26 Јули •••

SKP – VIE 12:35 – 14:10

VIE – PMI 17:15 – 19:40

••• 03 Август •••

PMI – VIE 15:15 – 17:40

VIE – SKP 22:45 – 00:15 (+1)

ЗОШТО ПАЛМАНОВА?

Палманова е една од најбалансираните и најбарани локации на Мајорка — место каде комфорот, убавината и практичноста се спојуваат без компромис. Со долги, уредени песочни плажи и кристално чисто море кое гали, оваа област е идеална и за вистински одмор и за лесно уживање во секој момент.

Нејзината позиција во близина на Палма де Мајорка овозможува брз пристап до градската динамика, ресторани, шопинг и култура, додека самата Палманова задржува поопуштен, пријатен и уреден амбиент. Токму таа рамнотежа ја прави најдобар избор што одговара за квалитетен престој.

🌿 Hotel Tent Palmanova 3*
1199 EUR по лице
dark_mode 8 ноќевања со појадок (до 13:30)
  • Современиот Хотел Tent Palmanova со урбан концепт и опуштена атмосфера, се издвојува со својот препознатлив „brunch unlimited“ концепт до 13:30 часот, што овозможува флексибилност и вистинско уживање без брзање. Лоциран на одлична позиција, на кратко растојание од песочната плажа во Палманова, хотелот овозможува лесен пристап до шеталиштето, рестораните и локалните содржини. Модерно уредените соби, пријатната атмосфера и внимателно осмислениот концепт создаваат балансирано и удобно искуство на Медитеранот.
  • модерен и урбан концепт
  • одлична локација блиску до плажата на Палманова
  • двокреветна соба
open_in_new Повеќе за хотелот
Reverence Mare Hotel 4*
1399 EUR по лице
dark_mode 8 полупансиони (појадок + вечера)
  • Со цвојот префинет стил Хотелот Reverence Mare се надоврзува на медитеранската елеганција што ја дефинира Палма. Поставен веднаш до морето, хотелот природно се вклопува во амбиентот на Палманова, каде светлината, водата и архитектурата се во одлична хармонија. Повеќето базени, rooftop зоната со поглед кон хоризонтот и спа просторот создаваат чувство на дискретен луксуз. Пространите соби и внимателно организираниот полупансион ја заокружуваат целината, оставајќи впечаток на лесно и софистицирано медитеранско искуство.
  • елегантен adults-friendly хотел веднаш до плажата на Палманова
  • повеќе базени и префинета атмосфера
  • во двокреветна соба
open_in_new Повеќе за хотелот
check_circle Цената вклучува
  • Авионски билет Скопје – Виена – Палма де Мајорка – Виена – Скопје
  • Рачен багаж: мала торба (40x30x20cm) и рачен куфер до 8kg (55x40x23cm)
  • Сместување на база 8 Ноќевања со појадок или Полупансиони во избраниот хотел во Палманова
  • Трансфери Аеродром – Хотел- Аеродром
cancel Цената НЕ вклучува
  • Доплата за куфер за чекирање до 23кг
  • Туристичка такса, се плаќа во хотелите на рецепција
  • Факултативни излети: Разглед на градот Палма, Посета на Ибица и Боите на Северна Мајорка

Имате прашања? Контактирајте не веднаш